23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас очекува раст на БДП-то на Грција во оваа година

Ципрас очекува раст на БДП-то на Грција во оваа година

cipras 353535

Премиерот на Грција Алексис Ципрас очекува економски раст помеѓу 0,2 и 0,4% во оваа година, иако прогнозата на европската статистичка служба Евростат е пад од 0,3%, пренесе „Ројтерс“.

Во интервју за агенцијата, Ципрас ја мотивира прогнозата со силниот прилив на туристи и растот на државните приходи.

Запрашан дали смета дека Грција може да ја надмине прогнозата на Еуростат за раст од 2,7% во следната година, тој посочи дека досега таа ги надминува очекувањата и дека тој го очекува истото и за 2017-та година. Според него, сепак тоа ќе зависи од пораките, испраќани на финансиските пазари, како и од тоа дали странските инвестиции ќе се обноват.

Ципрас изрази надеж дека во следните шест месеци земјата ќе биде вклучена во програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за квантитативно олеснување.

Според зборовите на грчкиот премиер способноста на Грција да издаде обврзници догодина и да се врати во целосен степен на должничките пазари во 2018-та година зависи од евентуалното ублажување на грчкиот долг, од подобрувањето на растот и од анализата на ЕЦБ за одржливоста на грчкиот долг.

Ципрас истакна дека европските земји треба да се фокусираат на заедничките интереси, а не на „прашања на микрополитичко ниво“. „Европа треба да продолжи напред, независно од внатрешните прашања и изборните процеси во секоја одделна земја“, рече тој.

Грчкиот премиер очекува дека следните прегледи на спроведувањето на третата спасувачка програма на земјата ќе бидат важни, но ќе се полесни од првата проценка. Според Ципрас, Грција ќе може да заврши до крајот на октомври со вториот преглед кој ги вклучува и непопуларните реформи на пазарот на труд, кои беа побарани од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како услов да биде поддржан третиот спасителен договор.

Според зборовите на Ципрас, чиј министер за труд ја оцени ММФ како „екстремен играч“ во контекст на потребните работни реформи, е можно да се постигне компромис додека Фондот да ги почитува законите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП