17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција бара спас, ја „потопија“ нередите

Турција бара спас, ја „потопија“ нередите

lira-opaga

Турската централна банка ја намали едната од своите референтни каматни стапки за да ја поттикне економијата.

Економијата на Турција во оваа година е оптеретена со бомбашките напади и обидите за наводен државен удар.

Централната банка наведе дека референтната каматна стапка ја намалила на 8,025 од 8,5 проценти, но дека неделната каматна стапка ја задржала на 7,5 проценти.

Во соопштението се наведува дека податоците за првиот квартал укажувале на „забавување“ на економските активности.

Турската економија оваа година е под удар на низата екстремистички напади и неизвесноста по неуспешниот наводен воен удар на 15-ти јули во кој беа убиени повеќе од 270 лица. Особено е погоден туризмот, еден од најважните елементи на турската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП