4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски претставник за наградата „Балканика“ е романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски

Македонски претставник за наградата „Балканика“ е романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски

nevidlivi ljubovi 33

Годинашен македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ да биде романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски.

Ова го одлучи жири комисијата за избор на национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ во состав д-р Александар Прокопиев, претседател, д-р Ермис Лафазановски, член и д-р Елизабета Шелева, член.

Во потесниот избор за македонски претставник влегоа и  романите „Враќањето на козите“ од Луан Старова, како и „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, но комисијата се одлучи за романот на Јанковски.

„Најголемата предност на оваа романескна проза се состои во нејзината афористичност, концизност, перцептивна свежест – што придонесува, на оригинален начин, одново да ја откриеме и доживееме денешната стварност и светот, кој цврсто нѐ стега во сопственото менгеме и императивот на баналноста. Покрај тоа, не помалку важен квалитет на прозата на Јанковски е што, наспроти вообичаениот и помодарски дух (или, императив) на цинизмот и нихилизмот со својот став и јазик, таа ја негува вербата во неприкосновената чистота и благородност на човековите пориви“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП