23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбански државјани наскоро ќе се лекуваат во Дебарската општа болница

Албански државјани наскоро ќе се лекуваат во Дебарската општа болница

дебарската

Министерствата за Здравство на Македонија и Албанија имаат Спогодба за соработка за лекување на албанските државјани на Болницата за Неврологија во Струга , но наскоро таа соработка ќе биде и за Дебарската општа Болница.

Оваа го изјави во Дебар државниот секретар во Министерството за здравство во Владата на Македонија Насуф Ипчја. Тој на средбата со дебарскиот градоначалник Ружди Лата нагласи дека двете министерства веќе разговараат за проширување на соработката и користење на здравствените услуги од страна на албанските државјани и во општата болница во Дебар.

Градоначалникот на Дебар Лата истакна дека голем е бројот на албански државјани кои се лекуваат и имаат потреба да се лекуваат во Дебар.

Државниот секретар за здравство Ипчја нагласи дека Министерството ќе даде целосна поддршка за непречено работење на болницата во Дебар, како и поддршка во подобрувањето на лекарскиот кадар.

Договорено е зголемување на соработката на дебарската болница со болниците на Тетово, Струга, Скопје и други болници во земјава. Притоа е нагласена потребата повеќе завршени матуранти за студираат медицина, бидејќи е потребен здравствен кадар во Дебар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП