11 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ќе дава предност на локалните жители на пазарот на труд

Швајцарија ќе дава предност на локалните жители на пазарот на труд

svic38777

Швајцарските пратеници го одобрија законот со кој се создаваат повластени услови за вработување на локалното население. Целта е да се задржат економските договори со Европската унија (ЕУ) и во исто време да се намали притисокот врз пазарот на трудот од страна на странските работници, пренесува „Ројтерс“.

Мерката и дава на земјата која не е членка на ЕУ, уште време, за да постигне договор со Европската комисија (ЕК), која инсистира Швајцарија да го задржи правото на слободно движење за граѓаните на ЕУ, за да го задржи и пристапот до европскиот пазар.

Слободното движење на луѓе што Швајцарија го прифаќа, е загрозено по референдумот од 2014-та година за имиграциските квоти.

Во богатата алпска република живеат малку над 2 милиони странци, односно околу една четвртина од населението. Од нив 1,4 милиони луѓе од земји од ЕУ и Европскиот економски простор.

Поради антиимигрантското расположение, оваа година приливот на новодојденци странци во земјата се намалува.

Новите прописи предвидуваат при отворање на нови работни места, приоритет да се дава претежно на локалните жители. Поимот вклучува и оние граѓани на ЕУ кои веќе живеат во Швајцарија.

Мерката бара исто работодавачите да ги информираат канцелариите за труд за ослободени позиции пред да бараат вработени од странство.

По разговорите во Цирих во понеделникот, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер даде јасно до знаење дека ќе го прифати овој компромис, под услов да биде одобрен од Заедничката комисија ЕУ-Швајцарија.

Воведувањето на квоти, одобрено со референдумот од 2014-та година, требаше да стапи на сила во февруари. За да не дојде до отворен судир со ЕУ, Берн предложи компромисно решение за повластен однос кон локалните жители на пазарот на трудот.

Против мерката се изјасни десната Швајцарска народна партија, според која тоа е прекршување на уставот, бидејќи не се почитува волјата на народот, изразена на референдумот.

Во декември планот треба да биде разгледан во горниот дом на парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП