18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете природна паста за заби без флуор

Направете природна паста за заби без флуор

05 (2)_620x0

Во последно време многу се зборува против флуорот во пастите за заби, бидејќи се појавија докази за штетноста на овој елемент по здравјето.

Доколку сакате да го исфрлите од употреба направете сами паста за заби бидејќи денес тешко се наоѓаат пасти кои не го содржат флуорот. Оваа паста се состои од здрави состојки кои не се расипуваат, па не морате да ја држите во фрижидер.

Потребно ви е:

1 лажица кокосово масло, неколку капки етерично масло од нане, 1 лажица сода бикарбона, листови нане, стевија по вкус.

Подготовка: Помешајте го кокосовото масло со сода бикарбона и иситнетите листови нане, додадете неколку капки етерично масло од нане и малку стевија, природен засладувач, бидејќи таа ќе ви даде пријатен вкус кој ќе им се допадне и на вашите деца. Сите состојки добро помешајте ги и ставете ги во стаклена тегличка (за секој член од семејството во посебна тегличка). Четкичката натопете ја во пастата и мијте ги забите на вообичаен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП