3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТужбите непрекинато пристигнуваат: На VW му се заканува потоп

Тужбите непрекинато пристигнуваат: На VW му се заканува потоп

170995104757e2a6b70e46a101128830_w640

Регионалниот суд во германскиот град Брауншвајг соопшти дека примил 1.400 тужби од инвеститори против производителот на автомобили „Volkswagen“.

Инвеститорите бараат отштета од 8,2 милијарди евра.

Само во понеделникот од една адвокатска канцеларија пристигнале 750 тужби, па судот вели дека поради толку големиот прилив на предмети ангажирал дополнителни службеници и ја проширил судската архива.

Институционалните и индивидуални инвеститори тврдат дека „Volkswagen“ не објавил на време дека му се закануваат скапи судски спорови со високи отштети во САД бидејќи во автомобилите вградил софтвер кој овозможувал на тестовите на тие возила да се прикаже помала емисија на гасови од реалната.

Инвеститорите тврдат дека тие информации би им овозможиле да одлучат дали да ги продадат своите акции, чија вредност е значително опадната бидејќи во септември 2015 година беше откриен скандалот со лажирањето на тестовите од емисиите на штетни гасови.

„Volkswagen“ сепак тврди дека ги исполнил сите обврски кои се однесуваат на објавувањето на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП