
Во опасност се „паспортинг“ правата кои им овозможуваат слободно работење на 5,500 британски финансиски компании ширум европскиот пазар.


Во опасност се „паспортинг“ правата кои им овозможуваат слободно работење на 5,500 британски финансиски компании ширум европскиот пазар.
На ова предупреди британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA).
Исто така, околу 8.000 финансиски компании со седиште во други членки на Европската унија работат во Британија благодарение на „паспортинг“ правата и нивните права исто така се загрозении, објави FCA, пренесува агенцијата Франс прес.
„Паспортинг“ шемата им овозможува на компаниите да работат ширум 28-члената Европска унија и 31-члената Европска економска зона, која покрај членките на ЕУ, ги опфаќа и Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.
Како што оценува АФП, иднината на овие права е неизвесна во пресрет на отворањето на преговорите за Брегзит во наредната година, кои имаат за цел постигнување на нов трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ.