26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија со 1 милијарда евра го поддржува задолжениот железнички оператор DB

Германија со 1 милијарда евра го поддржува задолжениот железнички оператор DB

ice4 voz

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле одобрил инјектирање од 1 милијарда евра во задолжениот железнички оператор „Deutsche Bahn“ (DB) и дополнителни инвестиции во неговата мрежа, пренесе „Ројтерс“.

Владата ќе одвои 1 милијарда евра оваа или следната година, за да го зголеми капиталот на компанијата. Во наредните четири години Берлин може да инвестира уште 1,4 милијарди евра во мрежата на железничкиот операторот, соопшти портпаролот на Министерството за транспорт.

„Deutsche Bahn“, која е под контрола на државата има долгови од речиси 20 милијарди евра.

Во јули рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го намали рејтингот на компанијата за еден степен од „АА“ до „АА-“, ја образложи одлуката со слабите оперативни резултати и несигурноста околу делумната приватизација на единиците „Arriva“ и „Schenker“.

Целта на капиталната инјекција е да биде избегнато ново намалување на кредитниот рејтинг, што би довело до зголемување на каматите платени од „Deutsche Bahn“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП