24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелосипедско дефиле на улиците на Скопје

Велосипедско дефиле на улиците на Скопје

bajkeri 39944

Големо велосипедско дефиле ќе се вози на градските улици по повод 22 Септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2016.

Дефилето ќе почне во 11 часот кај Порта Македонија. Велосипедистите потоа ќе возат по улицата „11 Октомври“, а на крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ ќе завртат десно до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“. Потоа, ќе возат по улицата „Свети Кирил и Методиј“, па десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ ќе завртат лево и ќе возат по булеварот се до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“, потоа ќе завртат десно и по булеварот „Илинден“ ќе пристигнат во Градскиот парк, на Школка.

Во 11:30 часот, на Школката во Градскиот парк, ќе се одржи забавен хепенинг со настап на уличните свирачи и наградна игра за учесниците во дефилето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП