18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжена негативната серија на МБИ-10...

Продолжена негативната серија на МБИ-10…

berza

Индексот МБИ-10 повторно бележеше пад, денот го заврши на вредност од 1.931,33 индексни поени и корекција од нови 0,30%, додека ОМБ повторно остана непроменет.

На Македонската берза денес беа истргувани вкупно 14.573.038 денари при што околу 40% од прометот беше резултат на тргувањето со две блок трансакции.

Имено едната блок трансaкција помина со акциите на Централен депозитар за хартии од вредност во која се истргуваа 140 акции по цена од 14.550 денари или вкупно 2.037 милиони денари што претставува 2,3% од вкупниот број на издадени акции.

Другата пак блок трансакција помина со акциите на Македонска Берза АД, беа истргуваа 98 акции по цена од 37.336 денари.

Акцијата на Макпетрол АД и ја намали својата вредност за (-3%) преку 150 истргувани лотови.

Од вкупно 10 хартии од вредност со кои се тргуваше денес, четири го завршија денот со раст на вредноста, три хартии од вредност забележаа пад, додека три хартии не ја променија својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП