28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија ја прекинува политиката на шедење

Холандија ја прекинува политиката на шедење

93663829957e1670880d0c340254892_w640

Холандската влада најави дека следната година ќе биде подарежлива со потрошувачката, со што, како што оценува агенцијата Ројтерс, прави пресврт во повеќегодишната политика за штедење, бидејќи влегува во кампањата за избори во март.

Министерот за финансии Жерон Дајселблум соопшти дека владата ќе ја зголеми потрошувачката за 2,3 милијарди евра, пред се во областите на безбедноста, здравството, грижата за децата и образованието.

Во буџетот исто така е вклучена нагоре ревидираната прогноза за растот за следната година на холандскиот Завод за анализа на економската политика, која е зголемена од претходните 1,6 на 1,7 проценти.

„Можностите се променети. Сега можеме да планираме однапред и да инвестираме во можностите и во луѓето“, изјави Дајселблум во обраќањето во парламентот.

Националната телевизија НОС ги објави резултатите од анкетата, според која повеќето Холанѓани сметаат дека нивните лични финансии се влошуваат и дека не ги чувствуваат бенефитите од економското закрепнување на земјата.

Работничката партија на Дајселблум загуби повеќе од половината од својата популарност од минатите избори во 2012 година, наведува британската агенција.

Министерот за финансии во последните неколку недели одговори на критиките дека владините мерки за штедење непотребно и наштетиле на економијата на земјата.

„Намалувањето на потрошувачката можеби ги поткрепува работните места и растот, но специфичните холандски околности не можат да бидат игнорирани“, изјави тој, наведувајќи дека Холандија била потешко погодена со финансиската криза од другите земји, при што било неопходно намалување на расходите.

Се очекува дека националниот долг на земјата наредната година ќе падне на 62 проценти од БДП поради намалувањето на стапката на невработеноста, додава Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП