26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната нето-плата во јули изнесувала 22.334 денари

denari 33004

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.0%), Административни и помошни услужни дејности (6.7%) и Информации и комуникации (6.2%).

Зголемувањена просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.6%), Преработувачка индустрија (3.4%) и Административни и помошни услужни дејности (1.8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016, изнесува 22.334 денари.

Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.4%), Преработувачка индустрија (3.3%) и Административни и помошни услужни дејности (2.0%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2016 изнесува 32.837 денари.

Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП