Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на АД Енергомонт, Јордан Георгиевски, потпишаа договор за изградба на нов резервоар и на дел од водоводна мрежа за водоснабдување во населеното место Раштак.
„Со овој проект ќе се реши водоснабдувањето и во високата зона на Раштак и ќе се обезбеди водоснабдување со соодветен притисок до секое домаќинство“, информира локалната власт.
Проектот за изградба на оваа водоводна мрежа чини 7.638.440,00 илјади денари, средства обезбедени од ИПА програмата за рурална инфраструктура процесирана од канцеларијата на Светска банка за подобрување на општинските услуги.