2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на автомобилски конгрес во Детроит

Македонија претставена на автомобилски конгрес во Детроит

sae-world-congress-2012-chevy-volt-4lte-628

Можностите за инвестирање во Македонија, претставници на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони ги претставија на Светскиот конгрес за автомобилска индустрија САЕ 2013. кој од 16 до денеска се одржа во Детроит, САД.

Конгресот е еден од најголемите собири од автомобилската индустрија на кој секоја година присуствуваат повеќе од 10 илјади учесници од преку 50 земји во светот. Претставува најважен глобален собир на производители на возила, автомобилски компоненти  и добавувачи во автомобилската индустрија и претставува одлична можност за остварување средби со нови компании и запознавање со светските трендови во овој сектор. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како изложувач се претстави со свој штанд на овој настан.

На конгресот со свои штандови беа претставени најголемите производители на автомобили во светот Генерал Моторс, Форд, Нисан, Хундаи, Хонда, Крајслер, како и глобални производители на компоненти како Делфи, Зетеф, Денсо, Магна, Џонсон Контролс и многу други.

Покрај Македонија, промоција на можности за инвестирање во своите земји направија и Канада, Италија, Јужна Кореа, Хонг Конг и неколку држави на САД.

Во рамките на посетата беа остварени контакти и средби со компании кои инвестирале или истакнуваат интерес за инвестирање и во моментов вршат анализи на инвестициските можности во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП