26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтернет ќе користат 3,5 милијарди луѓе

Интернет ќе користат 3,5 милијарди луѓе

inter soobrakaj 335

До крајот на ова година 3,5 милијарди луѓе во светот ќе користат интернет, што е 47 отсто од светската популација, покажаа најновите истражувања.

Според најновиот извештај на Комисијата на Обединетите нации (ОН) за широкопојасен интернет и Меѓународната унија за телекомуникации, тоа ќе биде околу 300 милиони повеќе од минатата година.

Во светот 91 држава во моментот има процент од преку 50 отсто од населението кое поседува интернет мрежа во споредба со 79 земји минатата година.

Во извештајот на Комисијата на ОН се наведува дека Кина и Индија, иако најголеми интернет пазари на светот, исто спаѓаат меѓу шесте земји кои заедно чинат 55 отсто од населението во светот што е надвор од мрежата.

Во Азија или на Средниот исток се наоѓаат десетте водечки земји според користењето на интернет во домаќинствата, при што Јужна Кореја е прва во светот со 98,8 отсто домаќинства приклучени на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП