19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите внимателни на европските берзи

Инвеститорите внимателни на европските берзи

berzi ey3

На европските берзи во вторник индексите стагнираат бидејќи инвеститорите се внимателни во пресрет на седницата на челниците на американската централна банка, Федерални резерви(Фед), но и заради падот на цените на нафтата.

Лондонскиот индекс FTSE зајакна 0,25 отсто, на 6.830 бодови, а франкфуртски DAX 0,19 отсто, на 10.393 бодови. Париски CAC ослабе 0,13 отсто, на 4.388 бодови.

STOOX 600 индексот на енергетскиот сектор падна 0,8 отсто бидејќи цените на нафтата се под притисок, по пораката на Венецуела дека глобалното производство би требало да биде десет пати помало за да се изедначи со побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот во вторник се лизна 0,4 отсто, на 45,79 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини 0,6 отсто, на 43,05 долари.

Следната недела членките на Организацијата на земјите извознички на нафта(ОПЕК) и нечленките на тој картел ќе одржат состанок во Алжир за да се обидат да постигнат договор за стабилизација на пазарот на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП