10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите ја чекаат одлуката на Фед

Инвеститорите ја чекаат одлуката на Фед

fed333555

Берзанските индекси на Волстрит во вторник остана речиси непроменети, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се внимателни во пресрет на одлуката на челниците на американската централна банка, Федерални резерви(Фед).

Dow Jones зајакна 0,05 отсто, на 18.129 бодови, додека S&P 500 порасна 0,03 отсто, на 2.139 бодови, а Nasdaq индексот 0,12 отсто, на 5.241 бод.

Внимателноста на инвеститорите е последица на несигурноста бидејќи во вторник започна дводневната седница на челниците на Фед.

Иако не се очекува зголемување на каматите, инвеститорите внимателно ќе го анализираат соопштението на Фед и ќе следат дали претседателот на банката Џенет Јелен на прес конференција ќе посочи кога тој потег би можел да биде повлечен.

Трговците на пазарот на пари проценуваат дека постои 18 отсто шанса дека Фед ќе ги зголеми каматите уште сега, додека шансите тоа да го стори во декември достигнаа 60 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП