21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го претстави теренецот E-Class (фото+видео)

Mercedes го претстави теренецот E-Class (фото+видео)

of mece 02

Само пред неколку месеци „Mercedes-Benz“ откри дека подготвува теренец варијанта на новата генерација „E-Class“. Моделот е веќе подготвен и ќе биде претставен пред публиката на крајот од овој месец, за време на автосаемот во Париз.

of mece 09

„Mercedes-Benz E-Class All-Terrain“, како што е полното име на моделот е создаден како директен конкурент на автомобили од категоријата на „Audi A6 Allroad“, „Volvo V90 Cross Country“ и „Subaru Outback“. Тој е опремен со задолжителните за слични модели зголемено тло, погон на сите четири тркала и препознатлив дизајн.

of mece 08

Во споредба со стандардната „E-Class“ новиот „All-Terrain“ демонстрира различна решетка, специфични браници, дополнителни прагови и заштитни елементи на каросеријата, вклучувајќи ги сводовите на крилата.

of mece 04

Автомобилот уште во основната опрема го има системот за погон на четири тркала „4Matic“, кој е програмиран со нови поставки за подобро претставување на лоши терени. Исто како стандардната верзија се нуди индивидуализирана воздушна суспензија „Air Body Control“ што овозможува регулирање на растојанието со до 35 мм. Така клиренсот на моделот може да варира помеѓу 120 и 156 мм.

Во опремата на „E-Class All-Terrain“ се вклучени исто специјални тркала и гуми кои обезбедуваат максимална проодност и удобност на секаков вид терени, се вели во пораката. Електронскиот систем со различни режими на работа – „Dynamic Select“, е дополнета со нова функција за офроуд движење. Таа ги менува подесувањата на системите за стабилност, на суспензијата и погонскиот тракт.

of mece 05

За време на саемот во Париз моделот ќе се појави во една единствена верзија – „E220d 4Matic All Terrain“. Таа се потпира на 2.0-литарски дизел со 194 КС и 400 Нм. Забрзување 0-100 км/час кај моделот трае точно 8 секунди, а максималната брзина е ограничена електронски на 232 км/час. На почетокот на следната година во палетата ќе биде вклучен и помоќен дизел со 6 цилиндри – „E350d“.

of mece 06

Сите детали, вклучувајќи ги и цените, ќе бидат откриени за време на премиерата во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП