21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција останува при целта за намалување на буџетскиот дефицит

Франција останува при целта за намалување на буџетскиот дефицит

52363574557da8626c756d824014848_w640

Франција за прв пат во последните десет години ќе остане при целното намалување на буџетскиот дефицит на под 3,0 проценти од бруто домашниот производ во наредната година.

И тоа покрај дополнителната државна потрошувачка од 5,7 милијарди евра, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

БДП на Франција, според најновите проекции, ќе порасне за 1,5 проценти во оваа и во наредната година, додека дефицитот на буџетот во 2017 година ќе изнесува 2,7 проценти од БДП, што е пад од 3,3 проценти од БДП проектирани за тековната година, пренесува агенцијата Франс прес.

Во нацрт буџетот за 2017 година, француското министерство за финансии наведува дека проектираниот економски раст ќе и овозможи на Франција да го намали буџетскиот дефицит под 3,0 проценти од БДП во 2017 година, што се бара со прописите на еврозоната.

Сапен, на конференцијата за новинари, изјави дека од почетокот на оваа година домашните фактори кои го поттикнуваат економскиот раст се  „посилни од очекуваните“, и дека корпоративните инвестиции ќе пораснат за 3,8 проценти во оваа и за 3,5 проценти во наредната година.

Според податоците од јули, БДП на Франција ќе оствари нулта економски раст во вториот овогодишен квартал, што владата во Париз го нарече „разочарувачки“ резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП