10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: По криза веќе нормално е трговијата да е слаба

ЕЦБ: По криза веќе нормално е трговијата да е слаба

trgovija 3535

Трговијата најверојатно ќе остане слаба во наредните години, прогнозира Европската централна банка (ЕЦБ), цитирана од „Bloomberg“.

Иако глобалната трговија расте во просек двојно побрзо од бруто домашниот производ (БДП) пред кризата, соодносот на увозот кон светскиот БДП во голема мера стагнира во последните пет години и најверојатно ќе остане на овие нивоа, пишува во економскиот билтен на ЕЦБ.

Растечката важност на пазарите во развој, каде што трговијата има помал придонес за растот, како и исчезнувањето структурни фактори, ја намалија еластичноста на трговијата на глобално и национално ниво, пишува во извештајот.

„Гледајќи напред, трендовите при структурните фактори e малку веројатно да се променат на среден рок. Постепеното пренасочување на активностите кон пазарите во развој се очекува да продолжи. Покрај тоа структурните случувања, кои ја стимулираа трговијата во минатото – намалување на трошоците за транспорт, либерализацијата на трговијата, проширувањето на глобалните вредни синџири, не се очекува да ја поддржат трговијата на ист начин на среден рок“, пишува во извештајот.

Стопанската еластичност (просечната стапка на глобален раст, поделена на просечната стапка на раст на светскиот БДП) на глобално ниво, со исклучок на еврозоната, се намали од 1,8 пред кризата во периодот 1995-2007 година до 0,9% во 2012-2015 година. Дел од оваа слабост, особено во текот на минатата година, беше предизвикана од шоковите во земји како Русија и Бразил.

ЕЦБ очекува растот на глобалната трговија постепено да се зголеми до нивото што одговара на БДП-то, враќајќи ја еластичноста на глобално ниво (без еврозоната) кон „новата нормална“ вредност од околу 1 посто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП