7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa и Air China заеднички ќе управуваат со летовите меѓу Европа и...

Lufthansa и Air China заеднички ќе управуваат со летовите меѓу Европа и Кина

луфти

Германската авиокомпанија Lufthansa и кинеската Air China потпишаа договор за заедничко управување на сите летови што ги реализираат на релација меѓу Европа и Кина, со што завршија двегодишните преговори.

„Кинескиот авио пазар е еден од најважните пазари за раст на светот. Сакаме заедно да профитираме од овој раст“, се наведува во соопштението на генералниот директор на Lufthansa Карстен Спохр.

Потпишаниот договор, кој важи и за подружниците на Lufthansa, Austrian Airlines и Swiss Air, првично се однесуваше на рутите од Кина до градовите како што се Франкфурт, Виена и Цирих и постои можност да биде проширен на сите рути меѓу Кина и Европа што ги реализираат двете авиокомпании.

Примената на договорот ќе започне во лето следната година, соопштија авиокомпаниите.

Lufthansa тежнееше кон подобри односи со Air China за да ја подобри својата позиција на кинескиот авиопазар, со оглед дека европскиот забавува, како и да се фати во костец со конкуренцијата од брзорастечките авиокомпании од Персискиот залив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП