9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања против измамите во осигурувањето

Кампања против измамите во осигурувањето

Triglav-osiguranje

Британското здружение на осигурувачи проценува дека осигурителните компании успеваат да откријат измами во висина од 4 отсто од бруто износот на штети, додека, пак, измамите кои остануваат недетектирани се во висина од 6 отсто од нето остварените премии од осигурување, проценуваат од Британското здружение на осигурувачи.

Со цел подигнување на свеста за измамите во осигурувањето како кривично дело, кое нанесува голема штета на осигурителните компании, а со зголемување на премииите и на сите осигуреници групацијата „Триглав“, која е присутна и во Македонија, почна кампања против измамите во осигурувањето.

Од „Триглав“ посочуваат дека доколку овие проценти се применат на нивната групација, тогаш проценетиот износ на измами во осигурувањето би можел да достигне и до 77 милиони евра.

Минатата есен „Триглав“ спроведе истражување за перцепцијата и сфаќањето за последиците од измамите во осигурувањето кое покажа  дека измамите во осигурувањето генерално не се препознаваат како етички проблематични. Поради тоа „Триглав“ се одлучи за комуникациска кампања, концентрирана на подигнување на свеста за ризиците и последиците од таквото однесување.

– Нашето искуство кажува дека многу измамници намерно и планирано го оштетуваат својот имот, бидејќи сакаат да и наштетат на осигурителната компанија и на лесен начин да дојдат до заработка. Понекогаш овие приказни се навистина неверојатни и ги забавуваат и нашите проценители на штети. Со ова видео сакаме да ги поттикнеме осигурениците во целиот регион да ни помогнат во откривањето на измамите во осигурувањето со пријавување вакви случаи на нашата веб страница www.triglav.eu, истакна Урша Манчек, помошник на претседателот на Управата на „Триглав“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП