19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕуростат: Трошоците на трудот во ЕУ и еврозоната пораснале во второто тромесечје

Еуростат: Трошоците на трудот во ЕУ и еврозоната пораснале во второто тромесечје

eurostat 335

Трошоците на трудот на час на нивото на Европската унија (ЕУ) и еврозоната пораснале во второто овогодишно тромесечје во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на европскиот завод за статистика.

Во второто тромесечје трошоците на трудот по час во 28 земји на ЕУ пораснале за 1,4 отсто, а во 19 земји на еврозоната за еден отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Еуростат. Со тоа нивниот раст бил поблаг отколку во претходното тромесечје бидејќи во првото тромесечје трошоците биле зголемени за 1,6 отсто во обата блока.

Во вториот квартал трошоците за плати во ЕУ се зголемени 1,3 отсто, а придонесите за плати за 1,6 отсто на годишно ниво. На почетокот на годината обете компоненти пораснале за 1,6 отсто.

Во еврозоната трошоците за плати во второто тромесечје пораснале за 0,9 отсто, а трошоците на придонесите за 1,4 отсто. На почетокот на годината нивниот раст изнесувал 1,7, односно 1,5 отсто.

Посматрано по сектори, најголем раст на вкупните трошоци на трудот по час во ЕУ е забележан во градежниот сектор, за 3,1 отсто. Следува услужниот сектор со раст од 1,2 отсто и индустријата со раст од 1,1 отсто.

Во еврозоната, исто така, предничи градежниот сектор, со раст на вкупните трошоци на трудот по час за 1,5 отсто. Следи секторот на услугите и индустријата, каде што трошоците се зголемени за 0,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП