19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот договор меѓу Канада и ЕУ ќе ја зголеми невработеноста

Трговскиот договор меѓу Канада и ЕУ ќе ја зголеми невработеноста

тровски

Слаб економски раст, губење на работни места, намалување на платите и даночните приходи, ќе донесе скората ратификација на договорот за слободна трговија меѓу Канада и Европската унија(ЦЕТА), покажуваат резултатите од истражувањето што го објави институтот Совет на Канаѓаните.

Институтот, кој се противи на овој договор, објави на почетокот на неделата студија на истражувачите од Универзитетот кои тврдат дека ЦЕТА договорот ќе доведе „не само до економски загуби, туку и до зголемување на невработеноста и нееднаквоста“.

Според наводите на авторот на студијата, макроекономските последици на планираниот трговски договор меѓу Канада и ЕУ се значајни. До 2023 година, како што напредуваат, ЦЕТА договорот ќе доведе до загуби на 230.000 работни места и тоа во главно во ЕУ.

Исто така, истакнуваат дека предлагачите на тој договор ја пренагласиле можноста за поголем економски раст заради зголеменото тргување и инвестициите, нагласувајќи дека тие проекции се потпираат на целосна вработеност и недостаток на негативно влијание на распределбата на доходот.

Авторите на студијата уште додаваат дека спроведувањето на ЦЕТА договорот ќе доведе до поголеми буџетски дефицити кај секоја земја членка на ЕУ, како и пад на државните приходи.

Договорот, исто така, ќе го зголеми притисокот на платите во Канада и ЕУ, што ќе резултира со губење на просечниот годишен раст на заработката од 1.985 долари во Канада, како и меѓу 353 и 1.488 долари во ЕУ, зависно за која земја станува збор.

Покрај тоа, се очекува да ја пренасочи трговијата внатре во ЕУ во полза на Германија, Франција и Италија, а на штета на другите земји членки.

Во апсолутен износ, ЦЕТА ќе го скрати за 0,5 отсто бруто домашниот производ на ЕУ, односно 1,0 отсто канадскиот БДП.

ЦЕТА договорот, се додава во студијата, ќе има „негативни импликации за социјалната кохезија во веќе сложениот и нестабилен политички контекст“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП