15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска ќе дели по 560 евра месечно на своите жители

Финска ќе дели по 560 евра месечно на своите жители

evri335

За 2.000 Финци државата следната година подготви „реализација на утопијата“: ќе добиваат пари секој месец без никаква обврска, па дури не мораат ниту да бараат работа. Станува збор за експериментално воведување на т.н. основен универзален доход.

Познат под англиската кратенка „UBI“ (universal basic income), основниот универзален доход за некои е замка која ќе им овозможи на работодавачите да ги отпуштаат вработените со мирна совест, додека за другите е движечка сила која ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ја искорени сиромаштијата.

Во секој случај, утопискиот сон во кој никој не е на улица, никој не е гладен, не носи партали и секој месец има сигурен приход за кој не мора да исполнува никакви услови, се проширува и во други земји каде експериментално се тестира во некои места во Холандија и Канада, а тоа го разгледува и Нов Зеланд.

Финците за оваа тема дискутирале до 9-ти септември, а сега, и без анализирани резултати од разговорите, ќе започнат со примена од 1-ви јануари 2017-та година.

По случаен избор невработените кои добиваат парична помош, од нив ќе бидат избрани 2.000 лица и секое ќе добива по 560 месечно.

По две години ќе се анализира однесувањето на таа група на невработени во споредба со иста група која добива редовен паричен надоместок од бирото, кој исто така изнесува 560 евра.

Разликата ќе биде во тоа што тестираните можат да се вработат, а притоа да го задржат приходот од 560 евра, додека останатите невработени ја губат помошта доколку најдат работа.

Има и од оние кои тврдат дека основниот универзален доход за секого е неолиберална замка со која би се постигнало работодавците да можат да отпуштаат со мирна совест и без притисок на општеството. Така ќе можат да се задржат само на минималниот број на вработени, кои потоа би работеле под тежината на заканите дека ќе завршат на основниот приход, што веројатно нема да биде доволно за живот на средната класа, кој ќе вклучуваат автомобил, одмори, образование на децата.

Во Швајцарија на референдум во јуни повеќе од 77 проценти од жителите одбија воведување на основен приход, но иницијаторите се задоволни бијдеќи за ова прашање во земјата не се разговарало сериозно.

Таму амбициите беа преголеми, затоа што беа предложени дури 2.500 шварцарски франци месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП