22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаздвижен трговски ден на Македонска берза

Раздвижен трговски ден на Македонска берза

makedonska-berza

Вчерашниот трговскиот ден со акцијата на Макпетрол АД беше остварен промет од 7,78 милиони денари, со истргувани дури 314 лотови преку 40 трансакции.

Овој промет преставува без малку 50 отсто од вкупно остварениот дневен промет на берзата.

Уште две акции беа се најдоа на листата “милионери” на денот по прометот.

Акцијата на Стопанска Банка АД Битола (приоритетни акции) оствари промет од 2,89 милиони денари со истргувани нестандардни 5.780 акции по просечна цена од 500 денари. Количина од 5.528 лотови од оваа хартија помина во една трансакција.

Трета на листата се најде акцијата на Охридска Банка АД Скопје со промет од 1,85 милиони денари и истргувани 568 акции по цена од 3249,99.

Единствена акција со раст на цената беше акцијата на НЛБ Банка АД со раст од 0,43 отсто.

МБИ10 падна за 0,52 проценти и изнесуваше 1.937,20 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП