2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСоздадена молекула кој го спречува развојот на Алцхајмерова болест кај глувците

Создадена молекула кој го спречува развојот на Алцхајмерова болест кај глувците

molekula

Шпанските научници по вештачки пат создадоа молекула којашто може да го запре развојот на Алцхајмерова болест кај глувците, пренесува агенцијата Europa Press.

До ова откритие дошле тим научници од Високиот совет за научни истражувања, при Мадридскиот универзитет Комплутнесе и Автономниот универзитет на Барселона. Новата молекула, која е наречена ASS234, може да се добие со помош на хибридизација на две претходно познати честички.

Се забележува дека таа ја запира прогресијата на Алцхајмеровата болест и помага во справувањето со редица симптоми на ова заболување кај генетски модификуваните глувци.

Алцхајмерова болест е неизлечива дегенеративна болести на централниот нервен систем и се карактеризира со прогресивна загуба на менталните способности (меморија, јазик, логично размислување), од која ризикот се зголемува по 65-та година од животот. Оваа болест првпат е опишан на почетокот од XX век, германскиот психијатар Алоис Алцхајмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП