18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувањата за поголеми резерви во САД ја спуштија нафтата под 46 долари

Очекувањата за поголеми резерви во САД ја спуштија нафтата под 46 долари

nafta 4839

Цените на нафтата се симнаа на меѓународните пазари во вторникот под нивото од 46 долари, под притисокот на очекувањата дека новите податоци ќе покажат раст на резервите во САД и со тоа повторно во прв план ќе го стават прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта падна за 50 центи во однос на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 45,45 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по 44 цени пониска цена, од 42,86 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во вторникот објави дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 42,09 долари, што значи дека пораснала 35 центи во однос на претходниот трговски ден.

Во вторникот расположението на пазарите го одбележа очекувањето дека извештајот на Американскиот институт за нафта (API) ќе покаже раст на комерцијалните резерви на сирова нафта во САД во изминатата седмица за 2,3 милиони барели. API извештајот ќе го објави подоцна во вторникот, а тамошната влада во среда.

Дополнително цените на нафтата реагираше на вторничната изјава на министерот за нафта на Венецуела, Еулогио Дел Пино дека глобалната понуда на нафта од 94 милиони барели дневно (BPD) треба да се намали за десетина за да биде во согласност со потрошувачката.

Членките на OPEC и другите нафтени производители неофицијално следната седмица ќе се сретнат во Алжир, што на пазарот на нафтата ги поткрепува надежите дека би можеле да постигнат договор за замрзнување на нивото на производството. Алжирскиот министер за енергетика, Нуредин Бутерфа, изјави во вторникот дека е оптимистичен во поглед на договорот на учесниците за мерките за поддршка на нафтениот пазар.

Прекумерното снабдување веќе долг период претставува тег за нафтените пазари, при што изминатата ноќ објавените официјални саудиски податоци го потврдиле зголемувањето на извозот во јули на 7,622 милиони барели дневно, од јунските 7,456 милиони барели на дневно ниво.

„Замрзнувањето на нивото на производството само би се гарантирало уште поголем притисок од саудиската сирова нафта, што би значело лек полош од самата болест“, предвидува Оливие Жакоб од швајцарскиот „PetroMatrix“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП