27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: До крајот на 2016-та ЕУ и Јапонија ќе имаат договор за...

ЕК: До крајот на 2016-та ЕУ и Јапонија ќе имаат договор за слободна трговија

eu japan 33

Заменик-претседателот на Европската Комисија Јурки Катаинен изрази уверување дека ЕУ и Јапонија можат да постигнат договор за слободна трговија до крајот на годината, пренесе „Ројтерс“.

Катаинен, кој е во посета на Токио, истакна дека се уште има разлики во заштитените географски називи на производи и поконкретно правилата за поврзување на земјоделски производи, на пример „Пармска шунка“, со одреден географски регион, како и државните набавки во транспортниот сектор, забележува агенцијата, цитирана од агенциите.

Во Европа расте непријателското расположение против договорите за слободна трговија, бидејќи според критичарите тие ќе предизвикаат загуба на работни места и ќе ги зајакнат разликите во приходите.

„За некои луѓе е тешко да прифатат слободната трговија, бидејќи може да доведе до нееднаквост. Наше мислење е дека колку повеќе богатство има, толку повеќе треба да се дели“, истакна Катаинен.

Тој прецизира дека во посетата на Јапонија, за да се сретне со јапонски владини претставници пред следната рунда трговски преговори во Брисел во текот на следната недела.

„Трговски договор може да додаде од 0,6 до 0,8 процентни поени кон растот на европскиот бруто домашен производ“, додаде Катаинен.

Преговорите меѓу ЕУ и Јапонија по овој договор одат од март 2013-та година и има загриженост дека ако процесот се одложи уште, тоа може да доведе до губење на инерција.

ЕУ склучи сеопфатен трговски договор со Канада, но претставници на некои европски влади се изјаснија негативно за трансакцијата, што предизвикува сомнеж во способноста на Европа да продолжи со други слични договори.

Некои економисти пак ги доведува во прашање мотивацијата на Јапонија за таков договор, бидејќи владата на премиерот Шинзо Абе става поголем акцент на трговскиот договор со САД и другите земји од регионот – Транстихоокеанско партнерство (ТТП).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП