23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБергмајер: Нарачките во „Дрекслмајер“ се зголемени, работните места се сигурни

Бергмајер: Нарачките во „Дрекслмајер“ се зголемени, работните места се сигурни

дрексел

Работните места во фабриката на DRÄXLMAIER во Кавадарци се сигурни, рече Барбара Бергмајер генерален оперативен директор на DRÄXLMAIER Group и член на бордот, за време на посетата на фабриката.

„Нарачките во производството се зголемени и тоа е добар знак. Во Кавадарци произведуваме производ кој е многу баран на пазарот во премиум- автомобилската индустрија, што ни потврдува дека работните места во оваа фабрика се сигурни,“ рече Бергмајер.

За време на посетата Барбара Бергмајер предводена од менаџментот на „Дрекслмајер“ Македонија направи обиколка на фабриката.

„Во овие четири години „Дрекслмајер“ континуирано го зголемуваше својот квалитет и ефикасноста и истовремено се ориентира кон клиентиете, но и кон своите вработени. Се обучаваат вработените на сите нивоа во најразлични области и се моделираат производствените капацитети. Резултатот е што имаме стабилна фирма со околу 5000 вработени која е сигурен партнер на овој регион“, рече Лукас Мирингер, генерален технички директор на „Дрекслмајер“ Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП