8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен Конкурс за прием на 25 идни поручници во АРМ

Отворен Конкурс за прием на 25 идни поручници во АРМ

конкурс

Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување на 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности.

На конкурсот се бараат лица кои имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци, веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Македонија.

Во АРМ се бараат:
– 1 лице за интендандантска служба – земјоделски факултет или економски факултет или технолошко-металуршки факултет (прехрамбена или текстилна насока);

– 1 лице за метеоролошка служба – природно-математички факултет (насока физика или метеорологија);

– 9 лица – доктори по општа медицина;

– 12 лица за техничка служба и тоа: 7 дипломирани машински инжениери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија;

– 2 лица за финансиска служба – економски факултет.

Министерството за одбрана ги повикуваа сите лица не постари од 28 години возраст кои ги исполнуваат условите на Конкурсот, да се пријават и да ја искористат оваа уникатна можност да бидат поручници во Армијата на Република Македонија. Крајниот рок за пријавување е 01.10.2016 година.

Сите информации можат да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП