21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Brexit Словачка ја намали прогнозата за растот во 2017

Поради Brexit Словачка ја намали прогнозата за растот во 2017

bratislava

Одлуката на Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија ќе ја потисне побарувачката на словачката извозна стока и ќе го ограничи растот во таа земја.

Словачкото Министерство за финансии соопшти дека ја намалило прогнозата за растот на бруто домашниот производ на 3,5 проценти за 2017 година во споредба со јулската проценка од 3,7 проценти, пренесува агенцијата Блумберг.

Растот ќе забрза на 4,4 проценти во 2019 година, поттикнат од производството во новата фабрика на „Jaguar Land Rover“ и со проширувањето на постоечката фабрика на „Volkswagen“, се наведува во соопштението на Министерството.

Велика Британија е седмиот најголем трговски партнер на Словачка со удел од 5,5 проценти во вкупниот извоз на земјата.

Словачка, која е членка на еврозоната од 2009 година, Брегзит може да ја погоди и индиректно, бидејки неизвесноста во поглед на британските односи со ЕУ може дополнително да ја влоши состојбата во цела Европа и да ја потисне побарувачката за словачките производи.

Министерството сепак, ја зголеми прогнозата за растот на БДП за 2016 година на 3,6 проценти во однос на претходната проекција од 3,2 проценти.

Забрзувањето на странската побарувачка, која оваа година ќе ја поттикне словачкото автомобилско производство до рекордно ниво, како и најбрзиот раст на потрошувачката на домаќинствата во осум години, ќе помогнат да се неутрализира влијание на слабеењето на инвестициите до кое доведе помалиот прилив на средства од ЕУ, пренесува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП