Јапонскиот трговски дефицит во март е четирикратно зголемен, бидејќи значилно слабиот јен го поскапи увозот на гориво, но истовремено им помогна на извозниците, покажаа денес објавените податоци.
Вредноста на увезената стока и услуги во март ја намина цената на извозот за 362,4 милијарди јени (3,7 милијарди долари), со што оваа разлика се зголеми четири пати во однос на истиот период од минатата година.
Во истиот период девизниот курс на јенот во однос на доларот ослабе за 16 проценти, што значително ги зголеми трошоците за увоз на фосилни горива чии цени се искажани во американската валута, а Јапонија е принудена да ги увезува.
Извозот во март се зголеми за 1,1 проценти, на 6,270 милијарди јени, потпомогнат од 7-процентниот скок во испораките кон САД.
Увозот повторно скокна 5,5 проценти, на 6,630, со зголемената набавка на сировата нафта за седум проценти, како и течниот природен гас за 8,8 проценти.
Јапонија има потреба од фосилни горива за производство на електрична енергија.
Повеќето нуклеарни реактори се уште се затворени поради загриженоста за безбедноста по големиот земјотрес и цунами.