6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCredit Suisse: Негативните камати кријат ризик од долгорочна банкарска нестабилност

Credit Suisse: Негативните камати кријат ризик од долгорочна банкарска нестабилност

negativni svajcarija 335

Негативните каматни стапки во Швајцарија може да доведат до нестабилност во секторот на банките, предупреди Томас Готштајн, извршен директор на „Swiss Universal Bank“, сопственост на „Credit Suisse“.

Од јануари минатата година централната банка на Швајцарија воведе негативни каматни стапки, во обид да ги обесхрабри инвестициите во франци, чие поскапување направи штета на извозот од малата алпска држава, потсетуваат агенциите.

Засега само една од сите околу 260 банки во Швајцарија ги префрлила негативните каматни стапки на своите клиенти и според Томас Готштајн кредитните институции во оваа фаза може да живеат во средина на камати под нулата.

Сепак тој предупредува дека негативните камати веќе му натежнуваат на бизнисот на банките со депозити и тоа може да привлече на пазарот други конкуренти кои немаат значителни обврски во швајцарски франци, како што се странските банки.

„На среден и долг рок тоа не е стабилна ситуација“, рече Готштајн за време на презентацијата на економските прогнози на „Credit Suisse“.

Во моментов тримесечната меѓубанкарска стапка „Libor“ e во опсег -1,25% до -0,25%, а депозитна камата е -0,75%.

Негативните каматни стапки и интервенциите на девизните пазари се во основата на стратегијата на швајцарската централна банка за справување со силниот франк. Во почетокот на 2015-та година регулаторот отстрани „врвот“ на курсот во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП