28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTakata е пред банкрот?

Takata е пред банкрот?

takata 335350

По акциите за повлекување од пазарот на стотици илјади воздушни перничиња поради евентуални нивни дефекти јапонскиот производител на делови за автомобили, „Takata“, се соочува со нови шпекулации за можен стечај.

Цената на акциите на компанијата денеска се распадна во Токио за 15 отсто, откако претходно агенција „Bloomberg“ објави, повикувајќи се на свои извори дека неколку концерни се заинтересирани за купување на „Takata“, имаат намера да поднесат барање за стартување на постапка за несолвентност .

Се очекува на почетокот на следната недела да се добијат понуди за концернот кој западна во тешкотии. Првата фаза од изборот ќе се случи до октомври.

За прв пат шпекулациите за понуди за купување се појавија во мај 2016-та година. Тогаш „Bloomberg“ објави дека компанијата води преговори со потенцијални купувачи, вклучувајќи го инвестицискиот фонд „KKR“.

Од „Takata“ одбиваат да дадат официјален коментар, но портпарол на концернот посочи дека надворешен совет од консултанти работи над план за реструктуирање на производителот.

Од почетокот на 2014-та година, кога се појавија првите проблеми со воздушните перничиња, пазарната капитализација на компанијата е намалена за цели 88 отсто.

Повеќе од две години „Takata“ се обидува да го изгасне скандалот со дефектните делови. Барем 13 смртни случаи во САД и Малезија се поврзани со неисправните воздушни перничиња на компанијата. Автомобилските производители, на чело со „Honda“, повлекоа најмалку 60 милиони воздушни перничиња во целиот свет, пред во мај американските регулатори да наредат замена на уште 40 милиони парчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП