Властите на Европската унија денес отвориле истрага против француската гасна компанија „Engie“ поради повластените даночни договори кои ги склопила со Луксембург.
„Комисијата е загрижена бидејќи неколку даночни договори склопени со Луксембург би можеле на „Engie“ (поранешна GDF Suez) да и донесат неправедна предност во однос на другите компании, што е кршење на европските прописи за државна помош“, се наведува во соопштението на Комисијата, пренесува агенцијата Франс прес.
Отворањето на истрагата доаѓа само неколку дена откако Комисијата го разлути официјален Вашингтон со пресудата, со која и е наложено на американската технолошка компанија „Apple“ поради повластен даночен третман во Ирска на таа земја да и исплати 13 милијарди евра (14,5 милијарди долари) на име на ректроактивен данок.