5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит внимателно пред седницата на Fed, раст на европските берзи

На Волстрит внимателно пред седницата на Fed, раст на европските берзи

berza 44

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи вложувачите се воздржани во пресрет на седницата на челниците на американската централна банк, додека индексите на европските водечки берзи забележаа раст.

Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,54 отсто, на 6.813 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,95 проценти, на 10.373 поени, а парискиот индекс CAC скокна за 1,43 отсто, на 4.394 индексни поени.

На Волстрит, пак, индексот Dow Jones ослабе за 0,02 отсто, на 18.120 поени, додека S&P 500 остана непроменет на 2.139 поени, а Nasdaq индексот се лизна за 0,18 отсто, на 5.235 индексни поени.

Стагнацијата на индексите во Њујорк е последица на воздржаноста во пресрет на седницата на челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Не се очекува зголемување на каматите, но инвеститорите внимателно ќе ги анализираат изјавите од Fed и ќе следат дали претседателката Џенет Јелен на прес-конференцијата во среда ќе одреди кога тој потег би можел да следува.

Според аналитичарите, мали се шансите дека Fed ќе ги зголеми клучните камати уште се, но веројатно тоа ќе го стори во декември, доколку растот на економијата и инфлацијата во САД забрзаат.

„Пазарот е во циклус во кој политичката и економската несигурност се преголеми, па вложувачите по секој поден на цените ги продаваат акциите, а по секој пад на цените ги купува. Тоа е резултат на движењето на индексите во тесни распони од кои веројатно нема да се пробијат до завршувањето на седницата на Fed“, Вели Рик Меклер, претседател во компанијата „LibertyView Capital Management“.

На претпазливост на инвеститорите укажува и потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи во понеделникот сопствениците ги замениле 6,1 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 трговски дена изнесуваше 6,7 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП