1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарскиот туризам со рекордни бројки

Кипарскиот туризам со рекордни бројки

kipar-kiparrrr

Претходниот месец беше најдобриот август некогаш за кипарскиот туризам, бидејќи бројот на туристи скокнал за речиси 17 проценти на годишно ниво, на повеќе од 458,000 посетители, покажаа денес објавените официјални податоци.

Бројот на туристи од Британија пораснал за 9,9 проценти, на 172,236, додека бројот на руски туристи, кои се вторите најбројни на Кипар, скокнал за 36,8 проценти, на 122,843, пренесува агенцијата Франс прес.

Исто така е евидентиран пораст на израелските туристи од 61 процент, кои само во август на Кипар биле 27,048 лица.

Во првата половина од тековната година, кипарските приходи од туризмот се зголемени за 13,7 проценти, на 831,2 милиони евра од 730,9 милиони евра од истиот период минатата година.

Приходите од туризмот сочинуваат околу 12 проценти од БДП на кипарската економија и се заслужни за релативно брзото закрепнување на официјална Никозија од економската криза, поради што таа земја беше принудена да побара меѓународен пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП