6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Велика Британија и се закануваат со казни

На Велика Британија и се закануваат со казни

brexGB1

Велика Британија може да страда од казни во висина на стотици милиони, доколку нејзината влада се обиде да започне преговори за слободна трговија со други земји, пред да излезе од составот на Унијата.

Ова го пишува „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на интерен документ, подготвен од мобилениот телефон на министерот за меѓународната трговија Лиам Фокс.

„Европската комисија вели дека ние не можеме да почнеме преговори – билатерални или во рамките на Светската трговска организација (СТО). ЕК предупредува дека неусогласеност со ова барање може да доведе до поднесување на барање од страна на земјите членки на ЕУ. Правните последици може да се такви што на Велика Британија ќе треба да плаќа казни“, се истакнува во документот.

Според „Сандеј тајмс“ изгледите за тужби од страна на Унијата веќе довела до тоа Лондон да ги прекине трговските преговори со САД, бидејќи сега Вашингтон води преговори со Брисел за трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ).

Преговорите со Канада, Јапонија, Бразил и со земјите од Југоисточна Азија, исто така може да бидат одложени поради заканата на Брисел, истакнува весникот.

Но самата британска влада, истакнува „Сандеј тајмс“, нема единствено мислење како да се водат идните дискусии за „Brexit“. Фокс и министерот за надворешни работи, Борис Џонсон биле за „категоричен Brexit“, што значело земјата да излезе од царинската унија на ЕУ, во рамките на кој се откажани царините меѓу земјите членки. Министерот за финансии Филип Хамонд, смета дека Британија треба да остане во царинската унија и по „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП