19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Кина и се заканува банкарска криза поради рекордниот долг

На Кина и се заканува банкарска криза поради рекордниот долг

kina_investicije

Претераниот раст на кредитирањето во Кина го зголемува ризикот од избивање на банкарска криза во наредните три години, се наведува во извештајот на Банката за меѓународни порамнувања (BIS).

Еден од раните показатели е прегревањето на финансискиот сектор – јазот меѓу вкупните кредити и БДП пораснал во првиот овогодишен квартал на 30,1 проценти, покажува извештајот на BIS.

„Секој податок над 10 проценти говори дека „појавата на кризата е можна во било која од наредните три години“, се додава во извештајот.

Кинескиот индикатор е значително над највисокото ниво во Канада од 12,1 проценти и поголем отколку во сите земји кои се опфатени во анализата на BIS.

Долгот ја одигра клучната улога во поттикнувањето на економскиот раст на Кина по глобалната финансиска криза.

Заостанатиот долг во 2015 година достигнал 255 проценти од БДП, како резултат на зголеменото задолжување на корпоративниот сектор, што е значително повеќе во однос на 220 проценти пред две години.

„Кинеските банки во август двојно го зголемија кредитирањето во однос на претходниот месец“, наведува британската агенција Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП