6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија со 60 делегати на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино

Македонија со 60 делегати на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино

тера-мадре

Повеќе од 60 делегати – производители, експерти, готвачи и членови на Слоу Фуд организацијата ќе ја претставуваат Македонија на Тера Мадре Салоне дел Густо, кој се одржи од 22 до 26 септември 2016 година во Торино, Италија.

На 11-то издание, под мотото „Сакај ја земјата“ во Торино, на отворено, ќе се соберат 5.000 делегати од 160 држави, 800 изложувачи на храна, 300 Президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре. Настанот го организира Слоу Фуд, во регионот Пиемонт и градот Торино.

Слоу Фуд Македонија, по петти пат, ќе се претстави на Тера Мадре Салоне дел Густо со сопствен штанд и ќе ги претстави своите четири Президиуми: Слаткото од диви смокви, Президиум на Буковска Пиперка, грозјето Станушина, Македонска медоносна пчела. Во текот на петдневното излагање на производите, секој ден, посебно, ќе биде презентиран по еден производ од македонските Президиуми. Со оглед на тоа што со македонската делегација ќе патува и готвач кој е дел од „Алијанса на готвачи“, на штандот ќе бидат приготвувани јадења со локални состојки од нашата земја карактеристични за нашата кујна. Македонија, веќе, го организираше својот прв Тера Мадре Македонија настан во јуни годинава во Битола.

Македонската делегација во Торино ќе учествува и на конференција посветена на Заштитата на Биодиверзитетот на Балканот, а ќе се одржи во рамките на проектот ЕСЕДРА, кој во Македонија се спроведува веќе четврта година.

Во Торино ќе се одржат 82 работилници за вкус, четири вечери со познати готвачи, 27 училишни часови за готвење, 12 големи конференции, 41 форуми на Тера Мадре заедниците, 180 едукативни активности, 184 активности организирани од страна на Универзитетот за гастрономски Науки и уште многу други активности.

Најважната битка за иднината е правото на храна за сите, заштита на биодиверзитетот, ублажување на климатските промени, врската помеѓу производството на храна со земјата. Сите заедно со нашите избори, имаме неверојатен потенцијал за решавање на овие прашања. Пред 20 години, кога за прв пат се одржа Салоне дел Густо, храната и земјоделството имаа мала улога во комуникацијата, економијата и политиката. До денес многу работи се сменети. Покревањето на свеста на луѓето, во поглед на системот на храна драматично расте низ светот, благодарение на работата на Слоу Фуд. Извонредното богатство на знаење и енергија кое го шири Слоу Фуд е сплотено во мрежа на Тера Мадре каде се обединети 2.400 заедници на храна, кои на овогодинешното издание на Тера Мадре Салоне дел Густо ќе го покажат значењето на „Сакај ја земјата“.

Она што е интересно за ова издание на Тера Мадре Салон дел Густо е павилјонот Let it Bee! Во Универзитетот на Торино, Palazzo del Rettorato, постои простор кој е посветен на пчелите. Let it Bee е дизјаниран со цел да ја претстави приказната за пчелите и пчеларите. На овој павилјон ќе учествува претставник на Президиумот-Македонска медоносна пчела, кој воедно ќе ги претставува и македонските техники на пчеларење. Во павилјонот ќе има и изложба со поставени слики и трмки, кои се дел од традиционалното пчеларење во Македонија-пчеларење во трмки. Собрани на едно место, тука пчеларите преку своите искуства и сведочења ќе го докажат значењето на пчелите во зачувувањето на биолошката разновидност. Овај павилјон е поставен со цел да се подигне свеста за употребата на пестицидите, да се објасни традиционалното производство на мед и да се постават нови граници во урбаното пчеларење.

Организирано од Слоу Фуд, во регионот Пиемонт и градот Торино, Тера Мадре Салоне дел Густо претставува меѓународен гастрономски саем кој се одржува на секои две години во Торино, каде на едно место ги собира производителите и занаетчиите од целиот свет. Овој настан е комбинација на еден огромен пазар и споредни активности вклучувајќи конференции, работилници, дегустации и часови по готвење.

Слоу Фуд е глобална организација која има визија за свет во кој сите луѓе имаат пристап и уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние што ја одгледуваат и добра за планетата. Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион активисти, готвачи, експерти, млади, земјоделци, рибари и научници од над 160 земји. Меѓу нив, мрежа од околу 100.000 членови се поврзани во 1.500 локални ограноци низ светот, кои даваат свој придонес преку членарината што ја плаќаат, како и преку настаните и кампањите што ги организираат. Како дел од мрежата, повеќе од 2.400 заедници за храна на Тера Мадре практикуваат мало и одржливо производство на квалитетна храна низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП