6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата над 46 долари, оптимизам за договорот меѓу производителите

Цените на нафтата над 46 долари, оптимизам за договорот меѓу производителите

nafta-pafta

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот го надминаа нивото од 46 долари, откако Венецуела објави дека производителите од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и произведувачите надвор од картелот се близу постигнување договор за мерките за стабилизирање на пазарите.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта порасна за 55 центи во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 46,32 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 61 повисока цена, од 43,64 долари.

Одвоено, OPEC во понеделникот објави дека цената на барел од референтната кошничка негова нафта во петокот изнесувала 41,74 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден .

Пазарите на почетокот од седмицата ги поддржа изјавата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, дека во септември би можело да биде постигнат договор за стабилизирање на пазарите на нафтата, кои се под постојан притисок на прекумерната понуда.

„Сметаме дека тоа е одлична можност за договор за замрзнување на нивото на производство. Тој ќе придонесе за рамнотежа на пазарот, а воедно ќе им биде во полза и на OPEC и на Русија, додека Иран и онака веројатно ќе продолжи да го зголемува производство во следните шест до дванаесет месеци“, вели Дешпанд Абишек од „Natixis“.

Извозот на сирова нафта од Иран, третиот според големината произведувач во OPEC, скокнал во август на месечно ниво дури за 15 отсто, надминувајќи два милиона барела дневно, велат за Reuters извори упатени во распоредот на товарењето на танкерите. Со тоа се приближил на нивото од периодот пред воведување на меѓународните санкции, пред повеќе од деценија.

Дополнително цените на нафтата во понеделникот беа поткрепени од послабиот долар и одложувањето на враќањето на дел од либискиот извоз на пазарот, откако поради вооружените судири е сопрено полнењето на танкерите во нафтеното пристаниште Рас Лануф, со што се зајакнуваат стравувањата од нови судири околу либиските нафтени ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП