6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот се лизна од највисоките нивоа во две седмици пред седниците на...

Доларот се лизна од највисоките нивоа во две седмици пред седниците на Fed и BoJ

dolarot

Курсот на американскиот долар во понеделникот се лизна од нависоките нивоа во последните две седмици во однос на кошничката валути, додека вложувачите ги очекуваат новите насоки од седниците на централните банки на САД и на Јапонија, подоцна седмицава.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута кон кошницата од другите шест најважни валути од најголемите трговски партнери на САД, се лизна за 0,2 отсто, на 95,888 поени. Доларот во петокот го забележа најголемиот дневен раст од крајот на јуни.

Во сличен процентен минус американската валута беше и во однос на јапонската, лизнувајќи се на 102,075 јени, во слабото тргување поради празниците во Јапонија.

Со еврото, пак, во таквата атмосфера на валутните пазари се тргуваше по 1,1159 долари, што значи дека курсот му останал горе-долу непроменет во споредба со заклучувањето на тргувањето во петокот.

Меѓу најголемите добитници во однос на американскиот долар во почетокот од тргувањето беа канадскиот, австралискиот и новозеландскиот долар, во контекстот на растот на цените на сировата нафта за 1,5 отсто, поради шпекулациите за контрола на производството во Организацијата ’на земјите извознички на нафта (OPEC).

Движењата на курсевите на еврото, доларот и јенот беа придушени, бидејќи вложувачите главно настојуваа да проценат какви се шансите јапонската централна банка Bank of Japan (BоJ) на седницата оваа недела да објави некои промени во монетарната политика, а го очекуваат и завршувањето на седмицата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во трагање по насоките во врска со евентуално подигнување на каматните стапки во оваа година.

Очекувањата дека Fed би можел да ги зголеми каматните стапки уште на септемвриската седница полека спласнуваа во последниот период, јакнејќи ги притисоците на слабеењето на доларот. Меѓутоа, во петокот доларот значително зајакна по објавата на податоците за инфлацијата, кои беа подобри отколку што се очекуваше.

Фокусот на пазарите сега се насочува кон сигналите за можниот раст на каматните стапки во декември, а во моментов процените дека Fed може да ги подигне каматите во декември се 55 отсто, во споредба со 47 отсто пред објавувањето на податоците за инфлацијата.

„Сметаме дека ризикот од натамошното слабеење на доларот од овие нивоа е многу мал. Денеска, се чини, дојде до блага корекција на курсот, но нема многу смисла да се очекува дека така ќе продолжи, имајќи ги предвид сите настани кои се очекуваат оваа седмица“, вели Мануел Оливери, валутен аналитичар во банката „Credit Agricole“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП