2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБран од 2,1 билиони долари ќе го дестабилизира светот

Бран од 2,1 билиони долари ќе го дестабилизира светот

dolari

Потенцијалното враќање на приближно 2,1 билиони долари готовина, кои американските компании ги чуваат во странство, ги загрижува финансиските експерти заради влијанието врз јакнењето на доларот, а со тоа и врз стабилноста на земјите во развој.

Прашањето на репатријација на добивката која компаниите од САД ја чуваат во даночните оази, стана актуелно откако обата претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, ветија дека ќе преземат мерки за враќање на дел од добивката.

„Фактот дека американските корпорации во странство го чуваат најголемиот дел од готовината од било кога е причината зошто новиот бран на репатријација може да биде поголем поттик за раст на курсот на доларот отколку што беше тоа случајот во 2005 година“, се наведува во анализата на Морган Стенли.

Имено, таа година во САД беа вратени околу 300 милијарди долари од проценетите 500 милијарди долари врз основа на законот наречен Homeland Investment Act, што го донесе тогашниот претседател Џорџ Буш.

Било кој да ја вратил добивката, врз основа на тој закон платил данок од 5,25 отсто, наместо 35 отсто.

Тогаш курсот на доларот во однос на еврото зајакна 10 отсто, иако економистите и денеска расправат колку врз јакнењето на доларот влијаела таа репатријација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП