2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс треба да плати 700.000 долари отштета

Мекдоналдс треба да плати 700.000 долари отштета

mekdonalds1

Судот во Соединетите Американски Држави (САД) донесе одлука компанијата Мекдоналдс да и плати отштета од 700.000 долари на муслиманската заедница во Мичиген, која тврди дека ресторанот на Мекдоналдс сервирал храна етикетирана како „Халал“, а која не во согласност со Халал стандардите и исламските верски правила, пишува американскиот весник Вашингтон пост.

Судијата донесе одлука за отштета во висина од 700.000 долари помеѓу компанијта Мекдоналдс и членовите на мулиманската заедница во Мичиген, која поднесе тужба против Мекдоналс, тврдејќи дека ресторанот од познатиот ланец за брза храна во Детроит сервирал храна кој е забранета за муслиманите, а која била рекламирана како производ во согласност со шеријатските правила.

Овој судски случај се води од септември 2011 година, кога клиентот Ахмед Ахмеду купил сендвич со пилешко во ресторанот на Мекдоналдс, а потоа открил дека тој производ не бил според Халал стандардите.

Според Вашингтон Пост, сите пари од отштетата ќе бидат доделени на Ахмед, Здравствената клиника во Детроит, Арапско-американскиот национален музеј, како и на адвокатот на Ахмед, кој изјавил дека не е задоволен од сумата која ја наложил судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП