6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна инфлацијата во САД

Порасна инфлацијата во САД

сад-инфлација

Инфлацијата во САД благо порасна во август, бидејќи повисоките цени во здравството ја надоместија стагнацијата на цените на храната и енергијата.

Американското министерство за труд соопшти дека потрошувачките цени пораснале за 0,2 проценти во август, по нулта инфлацијата во јули, пренесува агенцијата АП.

Ова е најголемиот месечен раст на инфлацијата во САД од февруари.

Базната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на храната и енергијата, порасна за 0,3 проценти.

Подемот на базната инфлација го поттикна рекордниот скок на лековите и најголемиот раст на цената на лекарските и болничките услуги во четвртина век, наведува американската агенција.

Во текот на изминатите 12 месеци, базната инфлација е зголемена за 2,3 проценти, додека вкупната инфлација пораснала поумерено, за 1,1 проценти, што и понатака е далеку под целната стапка за годишен раст на инфлацијата на ФЕД од 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП