26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОпел подготвува 13 нови мотори

Опел подготвува 13 нови мотори

13opel_motor1

Од Опел најавија дека  до 2016-та година ќе претстават нова линија на мотори, која ќе им биде понудена на купувачите во 13 варијанти, заедно со неколку нови автоматски и мануелни менувачи.

Потполно новиот 1.6 CDTI мотор премиерно ќе биде претставен во текот на летото на новата Зафира со седум седишта, а потоа ќе биде додаден во останатите модели во варијанти од 95KS до 160KS. Со алуминиумски блок, стоп-старт систем и напредна технологија за пумпите за масло и за вбризгување на гориво, овие мотори ќе трошат 4.1 литри гориво на 100km и ќе емитуваат CO2 од 109g/km, а ќе овозможуваат забрзување од 0 од 100km/h за 11.2 секунди.

Во понудата ќе се најде и нов „Performance Turbo 1.6 SIDI Eco Turbo“ мотор со 170KS. Опел ветува дека овој агрегат ќе биде за 13 проценти поштедлив во споредба со актуелниот 1.6 турбо мотор, со максимален вртежен момент од 300Nm, што е подобрување за 30 проценти. Првиот модел кој ќе го добие овој агрегат е Астра GTC.

Купувачите наскоро ќе имаат на располагање и нов еднолитарски троцилиндричен турбо-бензински мотор во моделот Адам. Продажбата на овој автомобил со споменатиот агрегат ќе започне на почетокот на 2014-та година.

Се очекува Опел да престави го претстави и подобрениот шестостепениот мануелен менувач, како и осумстепениот автоматски менувач за Инсигнија, но и петостепениот мануелен менувач за Адам и Корса. Од Опел тврдат дека кај овие трансмисии успеале да го минимализираат времето за промена на брзината и овозможиле течен премин при промената на преносот на степените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП