3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАGame of Thrones доби рекорден број Еми награди

Game of Thrones доби рекорден број Еми награди

Image (19)

Серијата „Игра на престоли“(Game of Thrones) ја освои наградата Еми за најдобра драмска серија, втора година по ред, со што стана најнаградуваната телевизиска серија.

„Серијата „Потпретседателка“(Veep) повторно доби награда за најдобра комедија, а Џулија Луис Драјфус, која ја толкува главната улога, е наградена со рекордно шесто Еми за најдобра актерка во комедија.

Џефри Тембор освои награда за најдобар актер во комедија за улогата во серијата „Транспарентно“(Transparent).

Изненадување претставуваа добитниците на наградите за најдобри улоги во драмски серии. Реми Малек и Тајтана Маслани победија во силната конкуренција за улогите во сериите „Господин Робот“(Mr. Robot) и „Црното сираче“(Orphan Black).

„Игра на престоли“ доби вкупно 12 награди на синоќешното доделување на Еми, па заедно со наградите Еми во техничките категории доделени минатиот викенд, освои вкупно 38 Еми и со тоа сѕана најнаградуваната серија на сите времиња, претекнувајќи ја серијата „Фрејзер“, која има 37 Еми награди.

„Серијата „Народот против О Џеј Симсон“(The People v. O.J. Simpson) доби пет Еми.

Наградите за најдобри споредни улоги во драмски серии ги добија Меги Смит за “Downton Abbey” и бен Менделсон за “Bloodline”, а за најдобри споредни ликови во комедии се наградени Луи Андерсон за “Baskets и Кејт Макинон ” за “Saturday Night Live”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП