3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo заработи 420 милиони во првиот квартал

Yahoo заработи 420 милиони во првиот квартал

Yahoo Reportedly Considering Laying Off Hundreds

Компанијата „Yahoo“ во првото тромесечие од оваа година остварила заработка подобра од очекуваната, односно таа изнесува 420 милиони долари, што е за 26 проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Приходите биле исти како и во 2012-та година и изнесувале 1.07 милијарди долари, што е нешто послабо од тоа што го предвидуваа аналитичарите. Приходите од пребарувањата (платените кликови) ги надминаа приходите од огласите. Па така имаме ситуација во која огласите паднале за 11 проценти на износ од 402 милиони долари, додека приходите од пребарувањата изнесуваат 409 милиони долари што е зголемување од шест проценти во однос на истиот период од минатата година.

Ова е прво тромесечие од кога Мариса Мајер е извршен директор на компанијата и таа порача дека е задоволна од остварените резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП